Годишното производство на пластика опадна за 0,3 проценти во 2020 година поради здравствената криза, што е само трет пат од Втората светска војна, соопшти Европската асоцијација за пластика PlasticsEurope.
Во Европа, каде минатата година 55 милиони тони пластика излегоа од фабриките, тој пад е 5,1 процент, а уште поголем е во Франција, каде производството на пластика во 2020 година беше помало за 11 проценти, додава здружението.
Здружението наведува дека ова е само трет пад на производството на пластика од Втората светска војна, по падот во 1973 година за време на првиот нафтен шок и падот во 2008 година за време на финансиската криза.
Автомобилската индустрија, која го прекина производството поради пандемијата, доживеа најголем пад на потрошувачката на пластика од 18,1 процент во Европа, според здружението.
На светско ниво, „со произведени 367 милиони тони пластика во 2020 година во споредба со 368 милиони пластика во 2019 година, ова е трет глобален пад од повоениот период, по падот што се случи во 1973 година при првиот нафтен шок и падот од 2008 година за време на финансиската криза “, изјави Ерик Кина, генерален директор на здружението, за агенцијата Франс Прес.
Сепак, производството на пластика продолжи да се зголемува во Кина, така што минатата година е забележан раст од еден процент, додаваат од здружението.
Европа (27 земји на ЕУ, Велика Британија, Норвешка и Швајцарија), кои произведоа 21 процент пластика (56 милиони тони) во 2010 година, сега произведува само 15 проценти, или 55 милиони тони.
Извор: N1info.com
Поврзани артикли