Realme вложи време и ресурси за да го направи поразновидно портфолиото на своите производи, и се чини дека лаптопите ќе бидат следното надополнување на производната линија на компанијата.
Мадхав Шет, Извршен директор на компанијата за Индија и Европа, на Твитер објави фотографија, на која се гледа лаптоп кој излегува од тенок плик или хартиена кеса. Тука е и бинарната порака, која декодирана вели „Hello World“.
Претставник на компанијата Realme истакна дека производот ќе биде додаден во #techlife на корисникот, а се верува дека се работи за Dizo подбрендот на AIoT производи, кој е најавен минатиот месец. Од друга страна, можно е дека се работи и за целосно нова серија, со оглед на тоа што моментно нема никакви информации за овој лаптоп.
Со најавата за лаптопот, Realme ќе стане прв бренд за паметни телефони во рамките на групацијата BBK Electronics што ќе влезе на територијата на компјутерски уреди, имајќи предвид дека Oppo и OnePlus сè уште не ги понудија своите лаптоп решенија.