Глобалниот недостиг на чипови ќе претставува значителен предизвик за различни индустрии следната година, изјави американскиата секретарка за трговија Џина Рајмондо.
„За следната година ова ќе биде секојдневен предизвик”, рече таа, коментирајќи го прашањето за глобалниот недостиг на чипови потребни во различни сектори, од технологија до автомобили.
„Ќе сториме се што можеме за да му помогнеме на приватниот сектор некако да го надмине ова… го охрабруваме приватниот сектор да работи заедно и да стори се што е во нивна моќ да ја реши краткорочната криза”, изјави Рајмондо за Си-Ен-Би-Си.
Според неа, Сенатот наскоро би можел да одобри 52 милијарди долари субвенции за производство на чипови во САД, како дел од поголемиот закон насочен кон зајакнување на конкурентноста на САД со Кина.
Згаснувањето на фабриките за чипови поради пандемијата на коронавирусот, трговскиот конфликт меѓу САД и Кина и сушата и недостигот на електрична енергија во Тајван придонесоа за недостиг на полупроводници.
Тоа негативно влијаеше на околу 170 различни индустрии ширум светот
Поврзани артикли