Дигиталниот паричник како апликација ќе биде достапен за употреба преку дигитална лична карта на секој корисник.
Дигиталните паричници (е-паричници) најчесто доаѓаат во форма на апликации кои се алатки за плаќање преку интернет и тие се користат за складирање на виртуелни верзии на дебитни и кредитни картички, што на крајот го прави носењето банкарски картички физички сосема непотребно.
Поради барањето на земјите-членки да најдат побезбеден начин за пристап до приватни и јавни мрежни услуги, Европската унија одлучи да воведе дигитален паричник што може да биде многу повеќе од само средство за плаќање преку интернет, пишува PC Chip.
Граѓаните во рамките на ЕУ ќе можат да користат апликација до која ќе може да се пристапи преку дигитална лична карта. Дигиталниот паричник би се користел за складирање на податоци за плаќања, кориснички лозинки или плаќања, па дури може да има и функција на личен сеф, бидејќи може да има во него и официјални документи. Тоа би служело како апликација што ќе им овозможи на жителите на сите 27 земји-членки да се поврзат на официјалните веб-страници и да ги користат услугите на локалните самоуправи.
Според новите одредби (регулатива eIDAS), законодавството на ЕУ го регулираше прашањето за електронска идентификација и воспостави механизми преку кои е можна нивна прекугранична контрола. На овој начин, физичките и правните лица можат слободно и според утврдени правила да ги споделуваат своите податоци за идентификација во електронска форма.
Дигиталниот паричник ќе биде достапен за употреба како апликација преку дигиталната лична карта на секој корисник, а автентикацијата пред употреба, според најавите, треба да се изврши со употреба на методи како проверка на отпечаток од прст, скенирање на окото и многу други безбедносни начини.
Извор: Poslovni.hr
Поврзани артикли