Руската Федералната служба за ветеринарство и фитосанитарен надзор ги испрати документите за регистрација на руската вакцина против коронавирус за животни во Тајланд и Унгарија, потврди шефот Сергеј Данкверт во интервју за TASS.

„Веќе го формулиравме и испративме првото досие за регистрација во Унгарија и Тајланд, и се размислува за регистрација на вакцина за кучиња“, рече тој.

Според него, вакцината ќе има поголема побарувачка во земјите на југоисточна Азија бидејќи таму има многу фарми кои сакаат да ги заштитат своите животни.

Вакцината Carnivac-Cov е неактивна вакцина против инфекција со коронавирус кај животни.

„Ова е првиот и единствен производ во светот за спречување на COVID-19 кај животни“, рече Константин Савенко, заменик на шефот на службата која ја направи вакцината, пренесе TASS.