Нешто претходно се појавија информации за постоењето на смартфон на Vivo од средниот сегмент, познат под името Vivo Y73. Сега и самата кинеска компанија го објави првиот тизер за телефонот, кој би можел да биде претставен следната недела.
Тизерот нуди најава на задната страна на уредот, која се поклопува со она што претходно го видовме на протечените фотографии.
Кога се во прашање спецификациите, Vivo Y73 од предната страна би требало да има 6,44-инчен AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција на екранот, HDR10 поддршка и сензор за отпечатоци од прсти во екранот.
На полето на камерите, се очекуваат 64MP главен сензор, 2MP bokeh камера и 2MP макро. Од предната страна ќе се најде 16MP камера за селфи и видео разговори.
Vivo Y73 ќе го покренува осмојадрен MediaTek Helio G95 чипсер, во комбинација со 8GB RAM и 128GB простор за складирање, кој може да се прошири до 1TB преку microSD картичка.
Уредот ќе го напојува 4000mAh батерија, со поддршка за 33W брзо полнење. На полето на софтверот ќе се најде FuntouchOS 11.1, заснован на Android 11.
Поврзани артикли