Cosmote TV услугата на грчкиот телекомуникациски оператор OTE го испорача, како што вели, првиот телевизиски пренос во живо преку 5G мрежата во Грција, во текот на финалниот фудбалски натпревар од Купот на Грција.
Пилот-апликацијата Cosmote TV вклучуваше далечинско управување на две роботски камери и пренос на звук и слика преку својата 5G мрежа, без употреба на оптички кабли.
Двете роботски камери користеле безжична опрема подготвена за 5G од компанијата Telmaco и биле сместени во арената на стадионот. Операторот рече дека целосното далечинско работење било постигнато благодарение на ниската латентност на 5G, што овозможило одзив во реално време во текот на финалето.
Телевизиското покривање на настанот било реализирано преку 5G директно од стадионот до студијата на Cosmote TV, во аудио и видео со висока резолуција.
Cosmote TV соопшти дека големите брзини и многу малата латенција на 5G укажуваат на иднина, во која производството и преносот на аудио и видео со висока резолуција може да се изврши без потреба од OB комби, со динамични снимки од различни агли и синхронизиран проток од секоја камера во реално време.
Џорџ Цонис, извршен директор на OTE Групацијата за планирање и развој на мрежата, рече: „Во следните години, иновативните апликации кои профитираат од 5G мрежите ќе променат многу сектори од економијата, какви што ги познаваме денес. Пилот-апликацијата преку Cosmote 5G го докажува токму тоа, создавајќи нови можности за телевизиските емисии и продукција. Како први што го донесовме 5G на грчкиот пазар, ќе продолжиме да инвестираме и интензивно да работиме на донесувањето на придобивките од оваа нова технологија низ целата земја“.
Димотенис Василопулос, директор за содржини и продукција во Cosmote TV, изјави: „Иновациите се суштински дел од Cosmote TV. Многу сме среќни што го реализиравме првиот директен телевизиски пренос во Грција преку 5G мрежата. Ги користиме сите можности што ни ги пружа технологијата, за да им понудиме на нашите гледачи најдобро можно искуство на технолошки најнапреден начин“.
Поврзани артикли