Samsung патентираше уред на преклоп со две шарки, а на интернет веднаш се појавија рендерите.
Станува збор за уредот Samsung Galaxy Z Fold Tab со екран на преклоп во три дела и со две шарки, кој го поддржува S Pen. Кога ќе се соберат „надворешните“ екрани, има доволно простор помеѓу нив за S Pen и три камери распоредени вертикално.
Уредот може да се користи во три можни конфигурации, целосно отворен, со една склопена страна или целосно преклопен.
Интерфејсот се прилагодува веднаш штом ќе се открие промена на конфигурацијата.
Samsung претходно има патентирано мултифункционални уреди на преклоп, слични на овој. Galaxy S-foldable, кој беше претставен минатиот месец, е доказ дека Samsung разгледува неколку форми пред да одлучи која да стане дел од семејството Z.
Затоа, можно е уредот прикажан на рендерите никогаш да не ја види светлината на денот.
Извор: Klix.ba