Најновиот додаток во линијата производи на Huawei MateView GT гејминг мониторот, кој покрај закривениот екран има и два предни звучника вградени во сталакот.
Покрај исклучителниот изглед, мониторот може да се пофали и со одлични спецификации. Тука е 34-инчниот закривен LCD екран со 3440 x 1440p резолуција и агли на гледање од 178 степени. Дисплејот нуди освежување од 165Hz, 21:9 однос на страници и 91% screen-to-body однос. MateView GT има и панел кој покрива 90 проценти од DCI-P3 спектарот на бои и 12 проценти од sRGB спектарот. Максималното осветлување изнесува 350 нита.
Huawei MateView GT нуди Dark Field Control функција, која автоматски го подесува осветлувањето на екранот во сцените со ниско осветлување или превисока експозиција, овозможувајќи им на корисниците лесно да ги воочат елементите на екранот. Тука е и поддршката за технологијата на локално затемнување, а мониторот помина и TUV Rheinland тест за заштита од сино светло.
Кога е во прашање soundbar-от, вграден е во сталакот на мониторот и вклучува два звучника со поддршка за 2.0 стерео звук. Тука е и RGB touch panel, со поддршка за подесување на звукот и ефектите на осветлување.
Поврзани артикли