Google Photos сака пари, и тоа е причината што корисниците наскоро ги очекуваат ограничувања кои се во врска со просторот за складирање.
Сервисот наскоро полни шест години, па се чини дека Google одлучил тоа конечно да го монетизира. Имено, компанијата планира построги ограничувања кога е во прашање просторот за чување фотографии – целта е корисниците да се натераат над 15GB бесплатното складирање, за преку Google One програмата да соберат уште место.
Google Photos се појави со два начина за чување на фотографии, па можеа да се складираат во оригиналниот формат, и како компресирани High Quality фотографии. Другиот тип не трошеше простор за чување, а од 1. јуни тоа се менува – сите снимени фотографии, дури и оние компресираните, ќе го трошат закупениот простор.
Сигурно е дека корисниците на овој начин побрзо ќе пристигнуваат до границата по која се плаќа услугата, што ќе го зголеми притисокот, бидејќи ќе се смета се што пристигнува на Gmail, Photos и Google Drive сметката. Претплатата на Google One ќе го зголеми просторот на сите три сервиси, што е посебно корисно за Google Drive. Па така, за 100GB простор мора да се издвои два долара месечно, а за 200GB три долари, додека 2TB чини десет долари месечно, а 30TB 150 долари.