Компанијата LG во април објави дека излегува од бизнисот со мобилни телефони, а со оглед на фактот дека беше потребно време за гаснење на операциите, денеска е последниот ден за производство на смартфони и таблет уреди.
LG ќе продолжи да пружа поддршка за постоечките уреди, а премиум моделите имаат тригодишна софтверска поддршка. Некои модели, вклучително и телефоните од Q серијата, ќе добијат Android 12, додека најновите премиум модели ќе одат чекор понатаму до Android 13.
Фабриката на компанијата LG Electronics во Виетнам, каде се произведуваат повеќето смартфони на LG, ќе се трансформира во погон за апарати за домаќинство. LG веќе направи транзиција на некои од своите производни капацитети со цел да ги задржи вработените во фабриката за паметни телефони. Останатите работници од производните линии за смартфони ќе добијат нови задачи до крајот на јули.
Погонот во Хаипонг почна со работа во 2015 година и произведува ТВ уреди и домашни апарати под мобилните телефони. Сестринските компании LG Innotek и LG Display произведуваат камери и екрани на таа локација.
LG е на пат да стане најголем производител на апарати за домаќинство, а продажбата во вториот квартал е висока и изнесува 6,3 милијарди долари.
Поврзани артикли