Организаторите и официјално ја најавија манифестацијата за 2022 година
Претходната година по многу нешта беше лоша за автомобилската индустрија. Откажувањето на скоро сите поголеми салони за автомобили ја одзеде можноста многу љубители на автомобилизмот да се запознаат во живо со новините, нешто што не може да се компензира со дигитални премиери.
Затоа, веста за потврдата за враќање на салонот за автомобили во Женева во календарот од многумина е дочекана со радост. Организаторите најавија дека следното издание ќе се одржи од 19 до 27 февруари 2022 година. На тој начин, овој настан ја прекинува долгата традиција целиот салон да се одржува на почетокот на март, односно да започнува на првиот четврток во март.
Последен пат Саемот за автомобили во Женева се одржа во 2019 година, бидејќи претходниот беше откажан поради епидемиолошки мерки кои беа донесени во Швајцарија. Големата амбиција на тимот што стои зад оваа автомобилска забава е да го надмине бројот на посетители од 2019 година, кога малку повеќе од 600.000 луѓе поминале низ салите на саемот.
Неодамна, организаторите на Саемот за автомобили во Женева објавија големи промени за овој настан, во согласност со современите трендови во автомобилската индустрија, иако сеуште не е јасно за што точно станува збор.
Заинтересираните изложувачи веќе можат да се пријавуваат за учество следното издание на Салонот, а апликациите ќе бидат прифаќани до крајот на јули.
Поврзани артикли