Realme официјално го претстави X7 Max 5G телефонот. Уредот е идентичен со неодамна објавениот модел GT Neo, кој е ексклузивен за кинескиот пазар. Корисниците добиваат Dimensity 1200 чипсет, AMOLED екран и три камери на задната страна со 64MP главен сензор.
Екранот на Realme X7 Max 5G има големина од 6,43 инчи, и нуди брзина на освежување од 120Hz и селфи камера од 16MP во левиот агол. Панелот има Dragontrail Glass заштита и под екранот е вграден сензор за отпечатоци. Realme имплементираше и Dolby Atmos стерео звучници и приклучок за слушалки.
На задната страна се наоѓа Sony IMX 682 64MP сензорот за главната камера, а покрај него има и ултраширок модул од 8MP и макро сензор од 2MP.
Телефонот го покрекува MediaTek Dimensity 1200 чипсет, комбиниран со 8 GB или 12 GB RAM и 128GB или 256GB UFS 3.1 простор за складирање. За софтверската поддршка е задолжен Realme UI 2.0 заедно со Android 11. Realme ветува и брза надградба на Android 12, кога оваа верзија ќе пристигне наесен. Уредот го напојува батерија од 4500mAh, со поддршка за 50W SuperDart полнење.
Realme X7 Max 5G пристигнува во црна, сребрена и градиент варијанта. Телефонот беше објавен на индискиот пазар и ќе се најде во продажба од 4 јуни.
Поврзани артикли