Samsung Galaxy Tab S7 FE 5G беше официјално претставен, откако пред неколку дена се појави на официјалната веб-страница на Samsung во Германија. Таблет уредот има поддршка за 5G мрежи.
Galaxy Tab S7 FE 5G користи LCD екран од 12,4 инчи со резолуција од 2560 x 1600p (16:10), со брзина на освежување од 60Hz. Од старт е присутна поддршка за Android 11, со One UI 3.1 кориснички интерфејс.
Пакувањето ќе вклучува и S Pen паметно пенкало. One UI интерфејсот го поддржува и DeX режимот, така што корисникот може да добие искуство слично на десктоп. За ова ќе биде корисна Book Cover тастатурат, но ќе може да се користи било која Bluetooth тастатура и маус.
Tab S7 FE го покренува Snapdragon 750G чипсет од средниот сегмент. Основната конфигурација вклучува 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање, а има и модел од 6 GB / 128 GB. Складирањето може да се прошири до 1TB преку слот за microSD.
Таблет уредот има батерија од 10090mAh и поддржува полнење до 45W. Корисниците ќе мора да обезбедат сопствен полнач, бидејќи во пакетот доаѓа само адаптер од 15W. Батеријата може да издржи 12 часа прелистување на интернет преку Wi-Fi или 4G.
L
Уредот има 5G врска, Wi-Fi 5, Bluetooth 5.0 и GPS. USB-C приклучокот нуди брзина од 3,2 Gen 1. Нема 3,5 милиметарски приклучок, но може да се користат стерео звучници AKG со Dolby Atmos поддршка.
Galaxy Tab S7 FE има 8MP камера на задната страна, со автофокус и поддршка за 4K/30 fps снимање на видео. Од предната страна се наоѓа 5MP камера, со опцијата за следење на лицето во текот на видео повик.
Samsung Galaxy Tab S7 FE 5G ќе се нуди во Европа по цена од 650 евра (64 GB) и 700 евра (128 GB), од 18 јуни, преку веб-страницата Samsung.com.