Појавата на таканареченот феномен крвава или црвена Месечина го снимија голем број фотографи од целиот свет. Овој феномен е познат поради нејзиниот црвен отсјај, а фотографите го искористија моментот и го овековечија заедно со зачудувачки пејзажи.
Вчерашната појава на црвена Месечина обично се случува за време на помрачувањето кога Земјата ќе се најде директно меѓу Месечината и Сонцето и кога планетата ќе ја скрие Месечината од сончевите зраци.
На фотографиите може да се види овој феномен забележан во Сиднеј покрај зградите на Операта и кај Посејдоновиот храм во Атина. Вчерашниот супер Месец, еден од трите оваа година, беше најголемиот супер Месец оваа година, затоа што Земјаниот сателит беше најблиску до Земјата.
Супер Месечината можеше делумно да се види од секое место на светот каде што во тој момент била ноќ, а најмногу на оваа фотографија можеа да уживаат луѓето што живеат во одредени делови на Азија, Австралија, САД и Јужна Америка.
Крвавата Месечина можеше да се забележи вчера и на небото над Скопје.