Huawei ќе одржи настан на 2. јуни во текот на кој компанијата ќе претстави линија уреди што го користат HarmonyOS оперативниот систем. Дел од оваа линија ќе биде и новиот паметен часовник – Huawei Watch 3.
Компанијата сè уште нема објавено детали за Watch 3моделот , но се појавија неколку тизер фотографии од Huawei Weibo профилот.
Huawei Watch 3 ќе ја поддржува eSIM функцијата, овозможувајќи извршување повици од самиот часовник, без потреба од смартфон. Исто така, се ветува и подобро траење на батеријата.
Huawei се очекува да објави тизери во следните денови што ќе потврдат повеќе функции за претстојниот паметен Watch 3 часовник .