Huawei ги надгради своите Matebook D14 и Matebook D15 лаптопи, а овој пат ги добиваат најновите AMD Ryzen 5 и Ryzen 7 процесори. Со исклучок на новите чипови, другите карактеристики остануваат исти и надворешно и внатрешно во споредба со претходните модели.
Matebook D 14 и D 15 можат да користат или Ryzen 5 5500U процесор од средниот сегмент или понапреден Ryzen 7 5700U SoC. Во двата случаи се добива вграден графички процесор Radeon Vega. Ryzen 5 има шест процесорски јадра и максимална брзина на часовникот од 4,0GHz, додека Ryzen 7 има осум јадра и такт од 4,4GHz.
Huawei двата лаптопа ги испорачува со 56Wh батерија и 65W полнач. Matebook D 14 има 14-инчен екран, додека Matebook D 15 користи 15.6-инчен IPS LCD. Портовите вклучуваат еден USB-C за полнење, еден micro HDMI, еден 3.5mm приклучок и два USB-A конектори (еден 2.0 и втор 3.2).
Предната камера е повторно скриена во доделеното копче во тастатурата. RAM меморијата пристигнува во капацитет од 16GB, а достапен е и 512GB простор за складирање.
Huawei Matebook D 14 и D 15 пристигнуваат во сребрена и Deep Space Gray боја, а на пазарот на Кина ќе се најдат во продажба од 1. јуни. Нема информации за глобалната достапност.
Поврзани артикли