Компанијата General Motors соработува со Lockheed Martin во процесот на развој на следната генерација лунарен ровер за NASA, наречен Lunar Terrain Vehicle (LTV).
Lockheed Martin и General Motors ги претставија плановите за изградба на автономен ровер за идните астронаути кои ќе го користат на површината на Месечината. Возилото е дел од програмата Artemis, а како дел од кампањата за истражување спаѓаат различни роботи, ровери и научни бази кои се планираат за поставување на површината на Месечината во следната деценија.
Роверот е сè уште во рана фаза на развој, па не се познати многу детали за неговата големина, тежина и слично.
Lockheed Martin зад себе има 50-годишна историја на соработка со NASA кога станува збор за развој на вселенски летала наменети за луѓе, како и роботски летала. Од друга страна, General Motors ќе ја понудат нивната експертиза во технологијата на батерии и погонски системи, а ќе користат и автономна технологија за да се овозможат побезбедни и поефикасни операции на Месечината.
Претходните Apollo лунарни ровери поминале само 7,6 км од местото на слетување, а овој пат GM и Lockheed Martin сакаат да поминат поголема оддалеченост и да стигнат до јужниот пол на Месечината, каде што е студено и темно, а и теренот е значително потежок. Ова ќе биде прво истражување од таков вид.
Автономните и самовозечки системи ќе се користат за слетување на луѓе на Месечината, како и за транспорт на различен товар.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли