Уметникот Јури Сузуки и неговиот тим работат на дизајн на звук за мотори на електрични автомобили. Тоа е проект кој го истражува односот на граѓаните кон звуците што ги опкружуваат, со посебен фокус на промените во сообраќајот
Проектот се фокусира и на безбедноста на пешаците, бидејќи е доста опасно што електричните возила воопшто не се слушаат. Граѓаните се навикнати да слушаат кога им се приближува возило, па затоа се потпираат на чувството за слух додека учествуваат во сообраќајот. Токму затоа Сузуки дизајнирал два звука на моторот за инаку тивките електрични возила – едниот е инспириран од звукот на моторот на традиционалните возила, а другиот се менува кога возилото забавува или забрзува.
Тимот исто така работи на прилагодување на звукот на моторот на сопственикот на возилото, времето на денот и активноста за која се подготвува возачот, како и локацијата – помеките звуци се наменети за тивки области. Новиот дизајн се очекува да ги замени досадните звуци на обичните автомобили, а експертите тврдат дека можноста за промена на звуците влијае на подобро искуство со возењето, но и дека сопственикот се однесува поодговорно во сообраќајот.
Извор: Додај Гас