Речиси десет години откако претстави Linux гејминг PC со можности на играчките конзоли под името Steam Machines, компанијата Valve наводно развива рачен гејминг компјутер сличен на рачната играчка конзола Nintendo Switch.
Некои доверливи извори тврдат дека Valve работи на уред со екран осетлив на допир, тачпад, копчиња, прекинувач, кој ќе користи Linux и низа посебно оптимизирани Steam наслови. Уредот би требало да има можност за докинг, како и Nintendo Switch, а тоа наводно ќе се врши преку USB-C порт. Уредот се очекува пред крајот на оваа година.
Gabe Newell has teased either Valve or Steam's games coming to consoles in this calendar year, at a public Q&A held in a public school yesterday morning. pic.twitter.com/TbKnrc6fZn
— Tyler McVicker (@Tyler_McV) May 11, 2021
Се чини дека преносниот гејминг компјутер ќе се вика SteamPal или Neptune.