Netflix доминира со пазарот за видеостриминг, а компанијата наводно размислува за нов сервис кој на претплатниците ќе им овозможи пристап до видеоигри.
Изминатата година и пол, откога почна пандемијата, за многумина ја одбележаа алатки и сервиси како Zoom и Netflix, односно времето поминато помеѓу четири ѕида посветено на видео-игрите. Во текот на тој период скокна продажбата на гејмерски хардвер и игри, а иако со укинувањето на строгите мерки можеме да очекуваме дека луѓето ќе се вратат на старите навики, некои ќе ги задржат своите навики и ќе продолжат со гејминг.
Изгледа и Netflix гледа голем потенцијал на овој пазарот, поради што компанијата размислува за стартување сервис за видео-игри. Моментно е во потрага по некој кој би ги водел операциите за ширење на гејмерскиот бизнис, а во текот на изминатата недела директорите на компанијата одржаа состаноци со некои од најбитните имиња од гејминг индустријата.
Кружат гласини дека во Netflix размислуваат за тактика која Apple ја примени со својот Arcade сервис. За оваа услуга потребно е плаќање месечна претплата која на корисниците ќе им овозможи пристап до сите игри без дополнителни трошоци и без реклами.
Иако Netflix во својот потенцијален сервис би можел да користи наслови од трети страни, односно програмери и гејмерски студија кои немаат врска со компанијата, инсајдерите од гејмерската индустрија веруваат дека Netflix би можел да развива игри базирани на нивните оригинални содржини.
Извор: Zimo.hr