Ве информираме дека од септември 2021 година започнува наставата за втората генерација во Математичко- информатичката гимназија во Скопје, каде се образуваат талентирани ученици по математика, информатика и физика.

Училишниот центар е сместен во населбата Карпош и нуди квалитетен наставен процес, подготвен според посебни наставни планови и програми, а наставата ја спроведуваат реномирани професори од соодветната област.

Учениците кои сакаат да бидат дел од новата перспективна гимназија ќе полагаат приемен испит по наставните предмети математика и физика, кој ќе се одржи на 2 и 4 јуни 2021 година.

Сите заинтересирани ученици може да испратат писмо на интерес на следната адреса: на електронската адреса [email protected], најдоцна до 31.05.2021 година.

Повеќе информации може да добиете на веб- страната на Министерството за образование и наука http://моn.gov.mk. На веб-страната на гимназијата www.mig.mk.

На сите идни ученици во новата Математичко- информатичка гимазија им посакуваме успех.