Компанијата BtoBet, која пред извесно време ја купи водечкиот провајдер на iGaming услуги, Aspire Global, објави договор со Betfair за обезбедување на својата платформа за управување со играчи (PAM) и спортско обложување.
BtoBet се етаблираше како водечки провајдер во индустријата, откако беше регулиран колумбискиот пазар, а партнерството со Betfair дополнително ќе ја зацврсти неговата лидерска позиција. Овој договор со Betfair обезбедува и можност за понатамошно ширење на други регулирани пазари во иднина.
„Како еден од најголемите светски меѓународни онлајн брендови за спортско обложување, Betfair стана еден од првите B2B партнери кои можат да ја искористат позицијата на BtoBet на пазарот, по неговата аквизиција од Aspire Global. Уверени сме дека ќе станеме клучни играчи на пазарот со комбинирање на моќниот Betfair-бренд и широкото познавање на индустријата со нашата флексибилна технологија“, изјави еден од основачите на BtoBet, Алесандро Фрид.
„Возбудени сме поради ова планирано партнерство и шансата да им понудиме врвно искуство во обложување на колумбиските клиенти, комбинирајќи ја одличната Neuron 3-платформа на BtoBet со водечките способности за трговија и управување со ризици на Betfair“, вели Мајк Вудбриџ, меѓународен директор на Betfair.