Oние кои се заразиле со коронавирус не може да се инфицираат повторно најмалку осум месеци, покажала анализата на податоците за имунитетот на данските здравствени власти.
И покрај ваквата проценка на природниот имунитет, данските истражувачи не сакаат да коментираат за заштитата што ја обезбедуваат вакцините, што значи дека прашањето за ревакцинација останува отворено.
Во заклучокот од истражувањето се наведува дека постојат мали шанси луѓето повторно да се разболат од Ковид-19 за пократок период отколку што е наведено, пренесе „Спутник“.
„ Ние многу внимателно ги следевме податоците за време на истражувањето и веруваме дека имунитетот може да трае подолго од осум месеци“, изјави заменик-директорот на данската здравствена служба, Хелене Блистед Пробс.
Тековните истражувања не резултираа со ист заклучок кога станува збор за вакцините, иако неодамнешните проценки покажуваат дека имунитетот стекнат по вакцинацијата ќе биде подеднакво ефикасен и долготраен како и по инфекцијата.
Ковид-19 е релативно нова болест и засега се непознати деталите за издржливоста на ефектите на вакцините и нивното влијание врз имунолошкиот систем.