Honor само што ја ажурираше својата MagicBook серија со најнови Intel процесори. MagicBook 14 има избор меѓу четиријадрените хипернитни Intel i7-1165G7 (фреквенција со 4,7 GHz) и i5-1135G7 (4 јадра, 8 нита, до 4,2 GHz) процесори, додека поголемиот MagicBook 15 има само други опции на процесори. Во двата слуачаја се добива нова вградена графика Intel Iris Xe.
Honor ќе ги продава MagicBook 14 и MagicBook 15 со 16 GB DDR4 RAM и 512 GB SSD простор за складирање. Екраните со дијагонала од 14 и 15,6-инчи имаат 1080p резолуција.
Останатите акценти во двоецот вклучуваат тастатура со позадинско осветлување, pop-up камера во F редот на тастатурата и двојни цевки на одведување на топлината со вентилатор за ладење.
Батериите од 56 Wh во двата MagicBook лаптопи ветуваат повеќечасовно видео со едно полнење, а Honor во малопродажната кутија става 65W USB полнач за напојување, кој може да се наполни од 0 до 44 проценти за само половина час.
MagicBook 14 со Intel i5 чипсет почнува од 849,90 евра, додека надградбата на Intel i7 доаѓа со цена од 11999,90 евра. MagicBook 15 чини 949,90 евра.
Од денеска овие преносни компјутери се достапни во онлајн продавницата на компанија во Велика Британија, Германија и Франција, а наскоро ќе следуваат и други пазари.
Поврзани артикли