Автомобилите исто така ќе мора да бидат опремени со интелигентен ограничувач на брзината
Европската унија веќе ги предупреди производителите на автомобили дека се должни да инсталираат неколку нови безбедносни системи во нивните нови автомобили. Од мај 2022 година, сите нови автомобили произведени во ЕУ мора да бидат опремени со интелигентен ограничувач на брзината. Покрај тоа, тие мора да поседуваат и таканаречена „црна кутија“ (како во авионите), како и видеорекордер.
Идејата за поставување на „црни кутии“ (системот EDR) во новите возила постои веќе неколку години. Со нивна помош ќе биде можно да се утврди сè што се случува за време на возењето, а тоа е особено важно при истрага во случај на несреќа. Тие ќе бидат поврзани со воздушните перничиња и ќе снимаат податоци за брзината, сопирањето, локацијата на возилото и работата на електронскиот асистент.
Експертите посочуваат дека воведувањето на оваа технологија е уште еден чекор кон автономни автомобили. Европската комисија е категорична дека доверливоста на системот EDR е загарантирана, бидејќи нема да чува ниту регистарски броеви, ниту податоци за идентификација, туку само податоци за возењето. Во случај на несреќа, сепак, настаните што се случиле потоа исто така ќе бидат снимени.
Според прописите, сите нови автомобили продадени во ЕУ од мај 2024 година, ќе мора да имаат детектор за следење на заморот и расеаноста на возачот, асистент кој се активира во случај на одвлекување на вниманието на возачот, автоматско активирање на аларм сигнал во случај на несреќа како и тестер за алкохол поврзан со стартерот.
Новата регулатива ќе стапи на сила на 6 јули 2022 година, што значи дека производителите на автомобили ќе имаат околу 2 години да се подготват за инсталирање на овие системи и технологии во нивните автомобили.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли