Најпопуларните смартфони на Motorola не поддржуваат безжично полнење и уште некои функции за да ги задржат достапните цени, но тоа наскоро ќе се промени.
Motorola се здружува со компанијата Guru Wireless за на своите уреди да им овозможи технологија за безжично полнење на далечина. Детали за ова партнерство засега нема, од од Guru порачуваат дека Motorola ги задоволила „ригорозните барања за квалитет, енергетска ефикасност и сигурност“.
Неколку компании досега пробуваа да реализираат проекти кои подразбираат безжично полнење на далечина, а досега видовме само неколку прототипи. Motorola не е странец во иновациите и експериментите со нови идеи, а досега ги видовме Moto Mads додатоците и прелопниот Razr.
Исто така, го видовме и прототипот на Motorola One Hyper уредот, кој полнеше два Moto Edge смартфона по безжичен пат на далечина, но не е познато дали Guru бил партнер во овој проект.
Xiaomi ја развива и својата Mi Air Charge технологија, која еден ден би можела да полни повеќе уреди истовремено, секако безжично и на далечина.
Поврзани артикли