Поминаа нешто помалку од шест месеци откако Boeing 737 Max си ја поврати дозвола за летање, но сега повторно се наоѓа под лупа.
Откривањето на потенцијален електричен проблем минатиот месец предизвика приземјување на 100 авиони кои им припаѓаат на 24 компании ширум светот. Испораката на многу нови авиони е стопирана, а Boeing и американската Федерална администрација за авијација работат на решавање на проблемот.
Меѓутоа, критичарите добија нова „енергија“ кога станува збор за тврдењето дека 737 Max е прерано вратен во служба и дека причините за двете фатални несреќи не се детални анализирани и решени. Меѓу критичарите е и познатиот свиркач Ед Пирсон, поранешен вработен во Boeing, кој веќе ја истакна врската помеѓу ниските стандардни на производство во фабриките и електричните дефекти кај паднатите авиони.
Boeing и ФАА тврдат дека проблемот се појавил за време на тестирањето на новопроизведениот примерок од авионот 737 Max 8 кој сѐ уште не е доставен до купувачите. Востановено е дека електричните системи во авионите не работеле адекватно, односно дека проблемот со лошата поврзаност поради што главната пилотска табла и помошната единица за контрола на енергијата не биле правилно заземјени. Тоа може негативно да делува на одредени системи вклучително и системот на заштита на моторот од мраз, моради што полетувањето и слетувањето би биле несигурни.
За потсетување, во претходните две несреќи погинаа 346 луѓе, а како причина се наведува системот MCAS кој влијаел врз носот на авионот, што довело до катастрофа.
Извор: Klix.ba