Компанијата Samsung Electronics денес го одржа виртуелниот настан Bespoke Home 2021, на кој е најавено глобалното проширување на Bespoke линијата фрижидери, како и претставување на Bespoke Kitchen концептот, со нови уреди и интегрирани решенија на база на Интернет работи, ориентирани пред се кон животниот стил на корисникот.
„Неизмерно ни е драго што можеме да најавиме проширување на нашата Bespoke линија уреди, нудејќи сеопфатни решенија за секој животен стил. Нашата мисија е да развиеме производи кои на корисниците ќе им помагаат подобро да управуваат со секојдневните активности и да уживаат во нив“, рече JaeSeung Lee, претседател и директор на одделот за апарати за домаќинство во компанијата Samsung Electronics.
Прилагодливи фрижидери го обиколуваат светот
Познатата Bespoke линија фрижидери отсега ќе биде достапна и во Северна и Латинска Америка, Европа, земјите-членки на Заедницата на независни држави, Блискиот исток и избраните региони низ Азија и Африка. Овие уреди доаѓаат во повеќе од 20 оригинални бои и седум надворешни панели, обезбедувајќи широк избор на различни комбинации. Bespoke фрижидерите исто така нудат и голем капацитет, практичност и моќни перформанси, кои се заштитен знак на компанијата Samsung.
Во Европа, Bespoke фрижидерите ќе бидат достапни во единечни или тенки опции на вратите, како и со варијанти со замрзнувач во долниот дел, со висина од 1,8 и два метри, со шест различни типови панели и широк спектар на бои – од класична бела до нежни пастелни нијанси и впечатливи бои.
Кујна „спакувана“ само за вас
Новиот Bespoke кујнски концепт, за прв пат, ги надминува самите фрижидери, носејќи ја филозофијата на прилагодливите уреди на сите делови од кујната, почнувајќи од американскиот и европскиот пазар. Почнувајќи од втората половина на оваа година, понудата на Bespoke уредите во Северна Америка, која досега се базираше на фрижидерите, ќе го прошири својот асортиман со микробранова печка и машина за миење садови, направени во ист стил.
Овој концепт им овозможува на купувачите естетиката и дизајнот на кујната да ја прилагодат со својата омилена боја и материјал, избирајќи помеѓу мат црна, тегет-сина или шампањ-розевкаст челик и бело стакло.
Апарати кои совршено се вклопуваат во животниот стил
Samsung оваа година исто така ќе ја претстави и својата проширена палета на посветени уреди во Северна Америка и Европа, вклучувајќи ги Bespoke AirDresser, Bespoke прочистувачот на воздух и Bespoke Jet ™ правосмукалката. Поради трансформацијата на домовите во канцеларии, теретани и училници, овие нови апарати за домаќинство ги задоволуваат секојдневните потреби, обезбедувајќи поголема флексибилност, автоматизација и хигиена.
- Bespoke AirDresser обезбедува низа решенија за нега на облека за да се осигура дека истата ќе ја задржи својата форма. Овој уред ќе биде достапен во Европа и САД во втората половина на 2021 година.
- Bespoke прочистувачот на воздухот вовлекува воздух од пет различни насоки за да исчисти брзо и интензивно, дури и кога станува збор за големи простории. Неговиот ултра фин систем за прочистување може да отстрани 99,999% честички прашина од 0,01 μm, додека тројниот паметен систем за празнење, испушта чист воздух во различни насоки. Достапен е во различни бои, а ќе биде пуштен во продажба во САД во текот на третиот квартал.
- Bespoke Jet™ правозмукалката доаѓа со Clean Station™ опцијата и поврзана станица за полнење, нудејќи им на корисниците сеопфатно решение за чистење. По завршувањето со правосмукалката, корисникот едноставно го става апаратот настрана, а тој сам ќе се испразни и ќе се наполни. Новиот Novi Bespoke Jet™ ќе биде достапен во три бои и лансиран во САД, Европа, земјите-членки на Заедницата на независни држави и во Југоисточна Азија во втората половина на 2021 година.
- Jet Bot AI+ е првата робот правосмукалка опремена со Intel® систем базиран на вештачка интелигенција. Паметната правосмукалка ја користи својата технологија за препознавање предмети, заедно со LiDAR и 3D сензорите за да идентификација на предмети и одредување на оптималната патека за чистење. Исто така опремен со камера, интегриран е со SmartThings апликацијата за да помогне при далечинско следење на куќата. Ќе биде достапен во САД, Европа, членките на Заедницата на независни држави и Југоисточна Азија во втората половина на 2021 година.
- Bespoke ShoeDresser ги прилагодува вашите омилени чевли да се чувствуваат свежи по секое носење. Уредот врз основа на материјалот и формата парфемира и суши чевли, обезбедувајќи нивно правилно одржување.
- Bespoke Cube фрижидерот нуди модуларно складирање на производи што не се класична храна, како што се вино, пиво и козметички производи. Овој уред е доволно тивок, со што ќе може да се чува во спалната соба, веднаш до софата или каде и да сакате.
- Bespoke прочистувачот на вода е достапен со една или повеќе славини. Опремен е со систем за филтрирање на четири нивоа, и може да филтрира до 2.500 литри вода, што ги задоволува годишните потреби на четиричлено семејство. Количината и температурата на водата може да се прилагодат со гласовна команда.
SmartThings како врска која спојува
Samsung визијата за Bespoke дом исто така го нагласува и поврзано живеење, со помош на вештачка интелигенција и автоматизација. Двигателот на оваа визија е SmartThings, кој на корисниците им овозможува централизирана платформа за управување со домот без голем напор.
- SmartThings Cooking обезбедува персонализирани планови за јадење и рецепти што се резултат на желбите на корисникот и на она што се наоѓа во фрижидерот, автоматски применувајќи температури и режими врз основа на секој рецепт на поврзани апарати за готвење. Оваа услуга е веќе достапна во Северна Америка и одбрани земји во Европа.
- SmartThings Pet се синхронизира со домашни апарати, како Bespoke прочистувачот на воздухот и Jet Bot AI + роботска правосмукалка, така што корисниците можат да го проверуваат своето милениче кога не се дома. Услугата ќе биде достапна во Европа, Латинска Америка и Азија во текот на втората половина на 2021 година.
- SmartThings Clothing Care се синхронизира со Bespoke AirDresser апаратот, како и паметните машини за перење и сушење алишта, за целиот процес на одржување на облеката да биде поефикасен. Услугата препорачува циклуси и поставки на уредот за оптимална нега. Во моментов е достапен на американските и европските пазари. .
- SmartThings Air се синхронизира со Samsung прочистувачот на воздухот и клима уредот за да го следи квалитетот на воздухот во и надвор од домот на корисникот во реално време. Ќе биде лансиран во САД во втората половина на 2021 година.