Не е тешко да се сетиме на времето кога се чинеше дека Intel е ненадминлив, неподвижен гигант во компјутерската индустрија, со AMD кој го исполнува долниот дел на спектарот и ARM дизајнираните чипови на мобилните уреди. Но, очигледно е дека се што треба да направите за да падне гигантот е да пуштите да се сопне. Intel во последните години се мачеше да понуди конкурентски производи и сега чувствува притисок од AMD, Nvidia и ARM. Сега големото доцнење покрена одредена реорганизација во рамките на компанијата.
Минатата недела, Intel најави дека ќе го одложи преминот на 7 нанометарската технологија и нема да испорачува ни 10-nm чипови до втората половина од оваа година. Компанијата наскоро ќе ги претстави своите 10-nm Tiger Lake процесори, заедно со Ice Lake процесорите наменети за употреба на серверите. Неговите десктоп процесори Alder Lake и серверскиот CPU, Sapphire Rapids засновани на нод од 10-nm, пристигнуваат во втората половина на 2021. година. Intel ги одложи своите планови за 7-nm чипови за цели 12 месеци.
Како резултатот на ова доцнење, Intel најави дека ќе почне реорганизација во рамките на компанијата. Според PC World, компанијата ќе ја раздвои своијата технолошка, архитектура на систем и клиентска група, а извршниот директор др. Марти Рендучинтала ја напушта организацијата. Неговата TSCG група ќе биде поделена на пет тимови, од кои секој ќе му одговара на извршниот директор на Intel, Боб Свон.
Времето за промени пристигна. Дали е веќе доцна?