Минатата година HMD Global го објави освежениот roadmap за ажурирањата на Android 11 за паметните телефони на Nokia, вклучувајќи вкупно 15 паметни телефони, кои би требало да ја добијат најновата верзија на Android помеѓу Q4 2020 и Q2 2021. Од тие, седум веќе го користат Android 11, додека ажурирањето за неколку од нив е одложено. И додека мислевме дека остаокот ќе го добијат Android 11 во текот на ветената временска рамка, сопствениците на некои смартфони всушност ќе мораат уште малку да причекаат за да го искусат Android 11.
HMD ја објави ревидираната мапа за ажурирања на Android 11 за Nokia паметните телефони, објавувајќи дека Nokia 6.2, 7.2 и 9 PureView, кои требаше да го добијат Android 11 некаде во Q2 2021, сега ќе го добијат во третиот квартал на годината, што значи во некое време меѓу јули и септември.
Во врска со тоа, листата на смартфони предвидени за Android 11 во обвој квартал ги вклучува Nokia 1 Plus, 5.4, 1.4, 2.4, 1.3, 2.3, 3.4 и 5.3. Да видиме дали HMD овој пат ќе успее да се придржува до распоредот.
Поврзани артикли