Во последниот квартал минатата година бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 1.862.138. Регистрирани се 248.348 деловни постпеид претлатници, а од резиденцијалните 738.956 се при пеид, а 874.834 пост пеид. Вкупно бил реализиран сообраќај од 1.589.901.314 минути, од кои 2.788.020 кон мрежи во странски држави. Остварени се 829.783 минути сообраќај од претплатници на домашен оператор кои роамирале надвор од државата, покажуваaт податоците на Агенцијата за електронски комуникации.
Во вкупниот број активни претплатници по тој основ во четвртиот квартал во 2020 година најголем удел има А1 Македонија со 49,76 проценти пред Македонски телеком којшто бележи 47,12 проценти. Лајка Мобајл има удел од 1,99 проценти, Роби од 1,12 проценти, а Греен мобиле од 0,01 процент.
Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги на малопродажно ниво во последниот квартал лани најголем е уделот на Македонски телеком каде отпаѓаат 51,7 проценти, по што следи А1 Македонија со 47,02 проценти, додека Лајка Мобајл има 0,40, Роби 0,87 проценти, Греен Мобиле 0,01 процент.
Според извештајот на АЕК, бројот на претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G, 3G, 4G) во последниот квартал лани изнесува 1.379.354. А1 Македонија со 51,71 процент е со најголем удел во вкупниот број на активни претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа, додека уделот на Македонски телеком по тој основ изнесува 45,65 проценти, на Роби изнесува 1,51 процент, на Лајка Мобајл 1,11, а на Греен Мобиле 0,01 процент. Во количината на сообраќај што ја оствариле претплатниците до интернет преку мобилна мрежа А1 Македонија има удел од 52,38 проценти, а Македонски телеком, 45,65 проценти.
Во последниот квартал минатата година во фиксната телефонија се регистрирани 415.390 линии. Остварен е вкупен обем на телефонски сообраќај од 39.238.760 минути, од кои кон мрежи во странски држави 643.143 минути.
Анализата на АЕК покажува дека Македонски телеком со 53,21 процент има најголем удел во вкупниот број фиксни линии во последниот квартал лани, А1 Македонија е со 38,78 проценти, додека Роби има 4,80 проценти, Неотел 2,56 проценти и Инфел нет плус од 0,60 проценти.