Да, добро прочитавте и тоа не било какви патики, туку Nike и тоа со потписот на NBA ѕвездата, Пол Џорџ од екипата на Л.А. Клиперс. Не знаеме дали легендарниот PG поседува PlayStation 5, но синоќа облече нов пар патики и веднаш го доби натпреварот против Репторси.
Според зборовите на дизајнерот на компаниите кои учествуваа во изработката на овие патики, баш се потрудиле и не е ни чудо што со заеднички сила ги споиле, како што велат, уметничката визија и креативниот карактер на Sony PlayStation 5 конзолата, за да го инспирираат новиот пар патики. Влијанието е видливо на деталите со користење на препознатливите облици на PlayStation и комбинациите на бои.
За среќа чинат помалу од конзолата со препорачана цена од 120 долари. Доколку ве интересираат, проверете ја достапноста на локалниот webshop на Nike.