Откако YouTube минатата година ја отстрани опцијата community captions, многу корисници беа незадоволни бидејќи се потпирааа токму на оваа алатка, за да имаат превод на видеата. Сепак, решението е на пат.
Android Police пишува дека YouTube тестира нова алатка која автоматски го преведува англискиот јазик во јазик што го користи корисникот.
Одреден број на корисници на YouTube веќе ги забележаа опциите за превод за насловите на видеата, описи и closed captions, односно текстуалната верзија на говорот во клиповите, на веб, десктоп и мобилната апликација. Досега корисниците забележаа автоматски превод од англиски на португалски и од англиски на турски јазик. Сè уште не е познато колку е широка заедница опфаќа тестирањето.
Секако, Гугл има AI технологија за ширење на оваа алатка, а нејзиниот алат Translate е најпопуларен на интернет и поддржува 108 јазици.
YouTube е сервис за целиот свет, а локализирани верзии постојат во повеќе од 100 земји.