Компанијата Gravity Industries објави видео кое прикажува како британските маринци во текот на вежбата користат jet suit одело.

Jet suit оделото претставува алтернатива за хеликоптер и „брзо јаже“, метод што ги изложува маринците на опасност од напади и значајно ја забавува вежбата, додека jet suit оделото им овозможува на маринците да летаат над чамците и да слетаат на бродото многу брзо и прецизно.

„Целта на jet suit оделото е да овозможи многу брз пристап до било кој дел од бродот, ги ослободува рацете за носење оружје, а нуди и можност за промена на локацијата и извелкување. Ова е револуција во тактичките можности за многу специјални сили, а има и повеќе намени освен навлегување на морето“, се наведува во соопштението на Gravity Industries.

Оделата ги тестираше и хуманитарната организација Great North Air Ambulance Service (GNAAS), која пружа хеликоптерски транспорт во итни ситуации. GNAAS се надева дека оделото ќе им овозможи на лекарите да дојдат до непристапните места и да спасуваат животи.