Компанијата Oppo ја лансираше петтата серија за шест месеци, а сега Oppo Reno6 е во центарот на вниманието. Според еден извор, компанијата закажа настан за 22. мај во Кина и тогаш ќе ја видиме новата линија телефони, како и други паметни производи.
Компанијата ќе биде домаќин на свеченоста со кинескиот ТВ канал Жијанг. Се очекува дека фокусот на настанот ќе бидат паметните телевизори и нивната интеграција со емитерската компанија, но Oppo веројатно ќе ги најави и Reno6 паметните телефони, а можно е и дека веднаш ќе ги лансира.
Досега слушнавме дека Reno6 Pro ќе има Dimensity 1200 чипсет, 6.55-инчен OLED екран со 32 MP камера, додека главната камера ќе биде 64MP. Ова прилично личи на она што го нуди и Reno5 Pro, но гласините сугерираат и малку поголема батерија – 4.500 mAh со 65W брзо полнење.