Имавме прилика ексклузивно да видиме како изгледа Honor Play 5 телефонот, кој би требало да се појави во текот на мај. Сега се појавија повеќе детали на Weibo мрежата, кои ни даваат подобра идеја за тоа што можеме да очекуваме од телефонот.
Судејќи според новите информации, се очекува дека Honor Play 5 ќе има FHD+ OLED дисплеј и веројатно сензор за отпечатоци од прсти во екранот. Покрај тоа, смартфонот би требало да има складно куќиште со дебелина од 7,46 мм и тежина од околу 179 грама. На задната страна се наоѓа систем со четири камери, кој ќе го предводи 64MP главен сензор, а тука се уште и 8MP ултраширок сензор, како и 2MP макро и сензор за длабочина.
Телефонот ќе го покренува осмојадрениот MediaTek Dimensity 800U чипсет, а уредот ќе го напојува батерија со капацитет 3800mAh со поддршка за 66W брзо полнење.
Покрај Honor Play 5, компанијата би можела да го претстави и Honor Play 5 Pro, кој ќе биде нешто помоќен модел. Honor ја подготвува и новата Honor 50 серија телефони, која исто така се очекува во текот на мај.