Кога се појави првиот iPhone пред 15 години, никој не претпоставуваше колкаво влијание ќе изврши тој уред во годините што следеа потоа. Уникатниот „екран на допир“, заедно со сите други елементи, наскоро станаа стандардни за мобилните телефони и, генерално сите имавме корист од сето тоа.
Добивките на многу компании, чијшто бизнис е поврзан со смартфоните, се неспорни, но има и такви кои претрпеа загуби…
Смартфоните изминатово десетлетие ги заменија, па и ги истиснаа од употреба дигиталните фотоапарати, видео-камерите, MP3 плеерите…
Процентуално најголем е падот во производството на видео камерите – 93 отсто. Кај фотоапаратите пак, падот изнесува 66 отсто.
Имајќи предвид за какви се функции се оспособени смартфоните денес, за очекување е производството на оние уреди што тие ги заменија, уште повеќе да се намалува.
Поврзани артикли