Оние кои сè уште ја користат Microsoft Skype услугата сега ja имаат на располагање 8,71 верзијаta на апликацијата. Новата верзија не имплементира некои поголеми функции, но тука е значајниот додаток за оние кои го користат Skype за веб.
Microsoft тврди дека сервисот сега е компатибилен со поголемиот дел веб-прелистувачи на мобилните и десктоп платформи, што значи дека сега е поддржан и од Safari на Apple.
Според страницата за поддршка, Skype за Веб и натаму не го поддржува Firefox, но ќе работи со Safari 13.1 или понов, а покрај тоа ќе работи и на десктоп и на мобилните уреди, вклучувајќи ги macOS и iOS. Microsoft ја споменува и поддршката за Microsoft Edge верзијата 43 или понова на мобилните уреди.
На мобилните уреди не се поддржани Chromium базираните браузери, така што Android верзиите на Edge и Chrome нема да работат.
За десктоп верзијата на Skype има само некои помали измени. Сега е можно да се преименуваат Meet Now состаноците кога ќе се креираат, заедно со додавањето фотографии за нивното персонализирање. Microsoft додаде и нови сцени за Together Mode.
На крајот, Microsoft исправи некои проблеми со апликацијата, вклучувајќи исправка за iOS и Android корисниците, кај кои статусот веднаш може да се промени во активен.
Корисниците можат да ја преземат посакуваната верзија на Skype тука, или можат да и пристапат на веб верзијата во својот прелистувач преку овој ЛИНК.