Регулаторите на Европската унија ја обвинија американската компанија Apple за кршење на антимонополските правила на европскиот блок и за нарушување на конкуренцијата во областа на стримингот на музика.
Европската комисија соопшти дека се спротивставува на начинот на деловното работење на Apple, бидејќи таквиот модел на крај ќе ги чини потрошувачите и ќе го ограничи нивниот избор.
Европската унија изрази загриженост дека Apple ги принудува програмерите кои продаваат дигитална содржина да го користат системот за внатрешно плаќање на Apple, кој наплаќа 30 проценти провизија за сите претплати.
Истрагата исто така утврди дека овие такси на крајот се „префрлаат“ на потрошувачите.
Истрагата следеше по поплаките од популарниот музички стриминг сервис Spotify.
ЕУ исто така изрази загриженост дека Apple ги спречува програмерите да ги информираат корисниците за поевтини начини на плаќање.
Поврзани артикли