Елон Маск го зазеде седмото место на најновата листа на милијардери на Bloomberg.

Богатство на Маск вчера се зголеми за шест милијарди долари откако акциите на Tesla забележаа раст од 10,8 отсто, така што една акција достигна рекордна вредност од 1.544 долари, а пазарната вредност на компанијата сега изнесува 286,5 милијарди долари.

Маск сега е пред Ворен Бафет, чие богатство неделава се намали бидејќи тој ги донираше акциите од една од неговите компании во вредност од 3 милијарди долари во хуманитарни цели.