Една од функциите што го краси Google Chrome прелистувачот е можноста за испраќање страници од компјутер на телефон. Ова е корисно ако се најдете на страница што сте ја читале до половина, а остатокот сакате да продолжите да го читате на вашиот мобилен уред. Сега изгледа дека Microsoft Edge ќе го овозможи истото со табовите на прелистувачот.
Според извештаите, Мајкрософт тестира верзија на Edge браузерот, каде што корисниците можат да испратат таб од прелистувачот од компјутер со Windows 10 PC на Android уред. Ова ќе бара корисникот да биде логиран на своите Microsoft сметки на двата уреда.
Функцијата е интересна и на корисниците може да им даде повеќе причини да почнат да го користат Edge како свој главен интернет прелистувач. Од друга страна, имплементирањето на оваа функција не е изненадување, бидејќи новата верзија на Edge е креирана со користење на Chromium, истата платформа на која е изграден и Chrome. Тоа значи дека и двата браузера споделуваат слични функции и карактеристики.
Засега е непознато кога новата опција ќе стане достапна за поширок круг корисници. Во моментов е достапна за најновиот Edge Canary, која е практично бета верзија на услугата.