SpaceX со помош на ракетата Falcon 9 успешно лансираше 60 нови сателити на интернет мрежата Starlink и по седми пат успешно ја спушти истата ракета.
Веќе користената ракета Falcon 9 полета од Флорида и тоа е веќе 10. годинашно лансирање на SpaceX.
„Првата фаза на ракетата Falcon 9 слета по седми пат. Ова е вкупно 81 пат да имаме сочувано ракета од орбитална класа“, изјави инженерот на компанијата SpaceX, Џеси Андерсон.
Liftoff! pic.twitter.com/D5qDAH37gV
— SpaceX (@SpaceX) April 29, 2021
Девет минути после лансирањето, ракетата успешно се врати на Земјата и се спушти на автономниот брод Just Read the Instructions. Со ова, SpaceX продолжува со забрзаните лансирања кои започнаа оваа година, а во најголем дел станува збор за Starlink сателитите.
Бројот на ваквите сателити константно расте и сега во орбитата ги има околу 1,500, а меѓу нив некои веќе и не се оперативни. Целта на Starlink мрежата е да овозможи интернет покриеност ширум Земјата, посебно во оддалечените и рурални делови од светот.
Falcon 9’s first stage has landed on the Just Read the Instructions droneship, completing this booster’s seventh launch and landing pic.twitter.com/uir08tQmMU
— SpaceX (@SpaceX) April 29, 2021
Starlink интернет мрежата моментално е во фаза на тестирање во САД, Канада, Велика Британија, Германија и Нов Зеланд, а оваа година ќе биде достапна во повеќе земји.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли