Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин ќе придонесете доброто празнично расположение да остане, да биде присутно и да продолжи и после празниците
Пред нас се денови на празници, неработни денови и продолжен викенд кој најчесто се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Пандемијата со Covid 19, забраната за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењет, и оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослават велигденските и првомајските празници.
Голем дел од граѓаните ќе останат во своите домови, а еден дел секако ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат во викенд куќи, во планина, на езеро,…. Секако дека оваа ситуација е добредојдена и препорачана во овие моменти, но РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на порезници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.
И покрај тоа што голем дел од граѓаните чувствуваат одреден немир, потреба за поголема слобода, итн. поради мерките кои се преземаат за заштита од вирусот Ковид 19, РСБСП потсетува дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин и аперлира да се задржи здравиот разум и одговорноста и максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.
Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, фатални, трајни и ненадоместливи за да може било кој да си дозволи неодговорно учество во сообраќајот. Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин ќе придонесете доброто празнично расположение да остане, да биде присутно и да продолжи и после празниците.
Во сообраќајот нема мали и големи грешки. Секое непочитување на сообраќајните правила и прописи може да заврши со сериозни и фатални последици затоа :
- возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
- почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација,
- не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол,
- почитувајте ги правилата за ограничување на брзината
- задолжително ставете појас
Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствија кои ги преземаме. Затоа, мислете на време за потоа да не се каете за последиците. Бидете одговорни учесници во сообраќајот. Внимателното и одговорно учество во сообраќајот, внимателното возење е основен предуслов за безбедни празнични денови.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува весели и безбедни велигденски и првомајски празници. #ВОЗИОДГОВОРНО!