Dell го претстави својот најнов Latitude 7320 Detachable лаптоп, кој пристигнува со постилизиран изглед и надграден хардвер. Тенките рамки го опкружуваат 13,3-инчниот FullHD екран, лаптопот има 84 проценти screen-to-body однос, а дисплејот нуди осветлување од 500 нита.
Заедно со читачот за отпечатоци, ExpressSign-in функции може да детектира присуство на корисникот преку IR камерата и Windows Hello за auto-wake и lock функциите. Овој 2-in-1 лаптопот има 8MP 1080p камера на задната страна и 5MP предна камера.
Присутни се и неколку микрофони кои ја стивнуваат вревата, а компанијата сугерира дека Intelligent Audio технологијата може да ја филтрира позадинската врева, го одржува звукот стабилен и им дава приоритет на „преферираните гласови“.
ExpressCharge функцијата може батеријата на Latitude 7320 Detachable лаптопот да ја наполни до 80 проценти за еден час. На полето на конекциите е достапна поддршка за WiFi 6, 4G LTE и eSIM.
Лаптопот го покренува Intel процесор од 11. генерација (до Core i7 моделот), со интегрирана Iris Xe графика. Достапни се до 32GB LPDDR4 SDRAM, но меморијата не е можно да се надгради. Latitude 7320 Detachable има почетна цена од 1549 долари.