Американецот Хантер Ковалд го претстави својот целосно функционален „ховерборд“ направен од индустриски компоненти.
Ковалд објави неколку клипови на кои може да се види како неговиот „ховерборд“ успешно ја врши својата задача. Овој „ховерборд“ всушност не лебди, туку лета на сличен принцип како дроновите.
„Не можам да објаснам колку многу работа имаше во овој проект. Луѓето ми говореа дека не можам да ги победам законите на физиката, меѓутоа, после големиот труд, производство, голем број на пожари и експлозии, погледнете ме како танцувам“, изјави Ковалд.
Тој тврди дека неговиот „ховерборд“ може да подигне тежина до 226 килограми. Изработен е од карбонски елементи, како што вели, со посебен фокус на безбедноста и ефикасноста. Во случај еден или двата мотори да откажат, овој „ховерборд“ сепак може безбедно да слета, а опремен е и со осветлување кое било одобрено од Федералната администрација за авијација.
Извор: Klix.ba