Секоја компанија којашто решава да го започне процесот на дигитализација има иста цел – да ја унапреди работата и ефикасноста, а истовремено да обезбеди сигурност и заштита на податоците и документите. Квалификуваните сертификати за електронски потпис и печат овозможуваат електронско потпишување документи со највисоко ниво на заштита и доверба.
Сѐ повеќе бизниси и поединци користат електронски потписи и услуги за доверба, а со зголемениот број на владини услуги достапни дигитално, се очекува да има и постојан раст на користењето на електронските потписи, како и на електронските печати.
Потенцијалот на овие доверливи услуги е голем и време е истите да ги имплементирате во работењето на вашата компанија и да стекнете предност пред конкуренцијата.
Следната одлука којашто стои пред вас е изборот на соодветен и доверлив партнер за дигитализација, којшто ќе ви помогне да го поставите бизнисот на едно повисоко ниво и ќе ги увери клиентите дека можат да се потпрат на вас и да ви веруваат. Електронскиот потпис и печат како доверливиуслуги ги нуди Македонски Телеком и се базираат на Квалификуван сертификат којшто го потврдува вашиот идентитет во работата со електронски документи.
Македонски Телеком е Квалификуван давател на доверливи услуги и го носи знакот за доверба којшто гарантира дека услугите за доверба што ги нуди компанијата ги исполнуваат правилата утврдени со домашната и европската законска рамка.
Изборот на вистинскиот деловен партнер ќе ви помогне полесно да ги исполните вашите цели. Одберете мудро и подгответе се за новиот бран на дигитална револуција во бизнисите.