Третата годишна конференција Women in Digital 2021во организација на А1 Македонија која се одржа вчера во целосно онлајн формат отвори повеќе прашања, но и понуди одговори за повеќе теми поврзани со вештачката интелигенција, автоматизацијата и потребните вештини.

На учесниците добредојде им посака Методија Мирчев Извршниот директор на А1 Македонија кој ја истакна важноста од дигитализацијата и родовата инклузивност. „Би сакал да истакнам дека ми претставува огромна чест што сум дел од компанија која во својот тим има 51% жени и повеќе од 42% жени на раководни позиции. Овие податоци се потврда на огромната улога која ја имаат жените во дигитализацијата на општеството. Темите на годинешната конференцијата се вештачката интелигенција и автоматизацијата. А1 Македонија е компанија која е свесна за можностите кои ни ги нудат овие технологии и кои се придобивките од автоматизацијата за нашето работење но и како вештачката интелигенција може да даде придонес за корисниците. Токму затоа го развивме виртуелниот чет-бот Славчо кој со помош на вештачка интелигенција може да разговара со корисниците и да им даде целосна поддршка за брзо и едноставно користење на нашите услуги. Покрај Славчо во компанијата имаме развиено и користиме роботи кои ни помагаат во автоматизацијата на интерните процеси.“ – истакна Мирчев.

Свое излагање имаше и Јетон Шаќири, Министер за информатичко општество и администрација кој ја истакна заложбата на владата за дигитализација на процесите во општеството како и важноста на вклученоста на жените во овие процеси.

Говорничката Ана Симиќ – Раководителка за маркетинг автоматизација и дигитална трансформација во А1 Телеком Австрија Групација даде свој осврт на темата што значи притисокот на дигиталната трансформација и како податоците и AI алатките ќе ни помогнат во решавање на модерните проблеми.

Панел дискусијата во која учествуваа истакнати жени-професионалци од македонски и странски компании понуди одговори на важни прашања и соодветни решенија. На темите дискутираа: Ивана Доневска, Извршна директорка, USAA банка Чикаго, Симона Атанасовска, CodeWell AI Македонија, Ирена Ивановска, Семос Едукација Македонија и Маја Милосавлевска Наумовска, А1 Македонија. Панелистките дискутираа за брзиот напредок на вештачката интелигенција во овие времиња и колку таа е присутна во нашите животи. Се дискутираше за пристапот кој го имаат локалните и глобалните компании кон вештачката интелигенција и работните вештини на новото време.

Верица Јорданова од inovativnost.mk и модераторка на годинешната конференција, ја истакна важноста од организација на ваков вид настани потенцирајќи дека тие се од витална важност за дигиталната едукација и модернизација на бизнис секторот.

Со конференцијата Women in Digital која е во мапата на редовни активности на А1 Македонија, компанијата ја докажува својата посветеност за подигање на свесноста за важни и актуелни теми од областа на новите технологии, нуди можност за истакнување на жените како носителки на овие процеси и ја потврдува својата заложба да биде водич на граѓаните и бизнис секторот во дигиталниот свет. Конференцијата “Women in Digital 2021” е достапна на следниот линк.