Google неодамна го потврди постоењето на Pixel 5a телефонот. Во понова блог објава, која ги опишуваше функциите на камерите и можностите на HDR+ алгоритмите, компанијата ја линкуваше Google Photos галеријата преполна со примероци на фотографии креирани со постоечките Pixel телефони.
Тука се издвојуваат две фотографии. Првата (која во меѓувреме е отстранета) има EXIF податоци, кои покажуваат дека е креирана со Google Pixel 5a. EXIF податоците укажуваат на ултраширока камера, со f/2.2 отвор на бленда. Самата фотографија е направена на 1. октомври минатата година.
Втората фотографија нема EXIF податоци, но се претпоставува дека исто така е креирана со Pixel 5a телефонот. Оваа фотографија е и понова, а направена е на 16. февруари.
Се сугерира дека Google Pixel 5a ќе биде достапен само во 5G варијанта, а се очекува дека ќе го покренува Qualcomm Snapdragon 765G чипсет.
Поврзани артикли