Huawei во декември минатата година го претстави Nova 8 Pro 5G телефонот, а сега е официјализирана 4G верзијата на уредот. Се работи практично за Nova 8 Pro 5G телефонот, но без 5G поддршка.

Nova 8 Pro 4G пристигнува со Kirin 985 чипсет, користи EMUI 11.0 интерфејс заснован на Android 10 и има две опции на меморија и простор за складирање: 8GB + 128GB и 8GB + 256GB.

Смартфонот од предната страна има 6,72-инчен FullHD+ 120Hz OLED екран, со 2676 x 1236p резолуција, читач за отпечатоци од прсти под дисплејот и punch-hole отвор за 16MP широка и 32MP ултрапирока селфи камера.

На задната страна се наоѓа систем со четири камери, кои го сочинуваат комбинација од 64MP главен, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Уредот го напојува батерија со капацитет од 4000mAh, со поддршка за 66W брзо полнење.

Huawei не ја објави цената на Nova 8 Pro 4G телефонот, но се очекува дека ќе биде пониска од 5G моделот.